Поврзете се со нас

Шпанија

Нов проблем за Реал: Зидан нема да може да смета на уште еден важен играч за пресметката со Хетафе

Објавено

на

Тимот на Реал Мадрид оваа вечера му гостува на Хетафе во рамките на 33. коло во шпанската Примера, меч за кој тренерот Зинедин Зидан се соочува со многу проблеми.

Вчера Реал го објави списокот на играчи кој броеше само 16 од кои тројца беа голмани за да сега отпадне уште еден фудбалер-тоа е неуморниот Феде Валверде. Уругваецот имал контакт со лице кое е заразено со КОВИД-19, па сега е во изолација и покрај тоа што неговиот тест е негативен.

Валверде нема да биде во комбинација исто како и Карвахал, Рамос, Варан, Васкез, Менди, Азар, Касемиро, Начо што дефинитивно е голем удар за „кралевите“ кои во изминативе десеттина дена одиграа три тешки средби против Ливерпул (2) и Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни