АБА лига
Нов проблем за МЗТ: Николиќ откри детали за повредата на Кук

МЗТ Скопје беше преслушан од Партизан со 120:67 на средбата од 15. коло во АБА лигата.
Пораз како пораз ќе се заборави со оглед на тоа што истиот дојде од еден од најсилните тимови во оваа конкуренција, тим кој ќе се бори за пехарот, но проблем за „штрковите“ е повредата на едно од последните засилувања Кеандре Кук.
Кук мина само пет минути на теренот, односно мораше предвреме да го напушти теренот, а првите проценки се дека Американецот ќе биде во аут еден месец што секако е удар за составот од Аеродром.
-Му се измести рамото, еден од трите лигаменти му е скинат, или делумно скинат, во Скопје ќе направи магнетна резонанца. Најважно ми е она што моите учи го слушнаа, тоа е дека паузата максимум ќе биде месец дена, -обелодени тренерот Драган Николиќ на прес-конференцијата по мечот во Белград.
Македонскиот првак за нареден ривал во АБА го има Будуќност и тоа на 21 јануари во „Јане Сандански“.
-
Англијапред 17 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Светпред 22 часа
Роналдо беснееше по промашените зицери, па конечно погоди од пенал (Видео)
-
Англијапред 19 часа
Мејсон Гринвуд ги „раскарал“ челниците на Манчестер Јунајтед: Судбината на фудбалерот неизвесна
-
Англијапред 21 час
Потер пресече за трите нови играчи на списокот за ЛШ, најголем губитник е искусен напаѓач
-
Англијапред 21 час
Гвардиола ја објасни разделбата со Кансело
-
Италијапред 23 часа
Мурињо го вклучил Ѕаниоло на списокот за ЛЕ, фудбалерот извадил „оправдание“ и не тренира
-
Англијапред 18 часа
Артета откри дека долго го следел Жоржињо и посочи што тој ќе донесе во клубот
-
Германијапред 19 часа
Нагелсман се сомнева во информацијата на ПСЖ: Мбапе ќе игра против Баерн