Нов проблем за МЗТ: Мајсторовиќ мора да ја скокне завршницата на Купот на Македонија!

majstorovic

Составот на МЗТ Скопје бележи многу неочекувани резултати во оваа сезона, а тоа како да не е доволно па проблем прават и повредите.

Од 16 до 18 февруари во Кавадарци се игра завршниот турнир од Купот на Македонија, натпреварување за кое клубот од Аеродром нема да може да смета на центарот Ѓорѓе Мајсторовиќ. Тој се повреди на понеделничкото гостување кај Блокотехна во Гевлегија, па мораше да му биде извршена и операција на носот поради што ќе мора да паузира десетина дена.

Лекарскиот тим на „металците“ прави се за да ја забрза рехабилитацијата на Мајсторовиќ, меѓутоа тешко дека ќе се промени ситуацијата со него. Пред тој настан МЗТ треба да одигра уште два меча, против Куманово во домашниот шампионат и против Будуќност на гостински терен.

 

Facebook Коментари