Поврзете се со нас

Италија

Нов проблем за Дибала, ќе ги пропушти и натпреварите на националниот тим

Објавено

на

foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала игра во одлична форма, но повторно се соочува со проблем поради повреда и таа ќе биде причина за нова пауза.

Аргентинецот ќе го пропушти денешниот натпревар на Рома против Сасуоло, а се очекува да биде надвор од терените околу две недели.

Тоа подразбира дека Дибала нема да се јави на повикот на аргентискиот селектор Скалони и ќе ги пропушти пријателските натпревари со Ел Салвадор и Костарика, па во Рим ќе се обиде да го забрза процесот на рехабилитација.

Репрезентативната пауза е добра вест за Рома и тренерот Даниеле Де Роси се надева дека ќе располага со Дибала по продолжувањето на првенството и посебно на градското дерби со Лацио закажано за 7. април.

Ромелу Лукаку го пропушти дуелот со Брајтон во Лига Европа поради проблем со повреда, па Рома во моментов се соочува со сериозни дилеми во однос на офанзивната формација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни