Поврзете се со нас

Шпанија

Нов проблем за Чави: Барселона остана и без капитенот

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона се соочува со финансиски проблеми и не може да ги донесе играчите кои ги посакува тренерот Чави Ернандес или поточно се прават доста импровизации, но во исто време се дава шанса на млади фудбалери од школата.

Дополнителен проблем за каталонците во тој лимитиран состав дефинитивно се повредите, па така сега на таа листа е уште едно име, капитенот Серхи Роберто. Шпанските медиуми пренесуават дека Роберто има проблем со мускулот и е во „аут“ за средбата со Вилјареал, поточно вестите се дека тој ќе паузира најмалку две недели.

Само за потсетување на дуелот против Атлетик Билбао се повреди Алехандро Балде за кого оваа сезона може да е завршена ако замине под нож што е повеќе од реална опција.

Во болната на „Камп Ноу“ се уште голманот Тер Штеген, дефанзивците Мартинез и Алонсо, потоа Рафиња, а за Гави оваа кампања веќе е одамна завршена.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни