Поврзете се со нас

Балкан

Нов пресврт во турскиот клуб: Трабзон ќе го врати Барди во првиот тим

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди веќе некое време не е дел од првиот тим на Трабзонспор или поточно беше отстранет од истиот заедно со Мислав Оршиќ, Стефано Денсвил и Умут Бозок.

Трабзонспор го исфрли Барди од првиот тим, медиумите ја посочија целта на одлуката

Образложениото од клубот беше дека четворицата не се на посакуваното ниво и ќе мора да работат одвоено од групата за да ја подобрат формата. Меѓутоа на Трабзон не му оди и последните вести кои доаѓаат од Турција е дека ќе се случи нов пресврт, па наместо споменатата четворка да биде на излезна врата ќе се врати во првата екипа.

Тренерот Шенол Ѓунеш бил бесен по ремито со Кашимпаша, им држел лекција на играчите од половина час, па дури и ја прогласил сезоната за загубена иако се уште има шанса за трофеј во Куп натпреварувањата.

Ѓунеш ќе се обиде да ја разбуди екипата со тоа што ќе ги врати Барди и компанија, а други фудбалери ќе остави на „ладење“.

Останува да се види што ќе се случува, она што е познато е дека Енис одигра 13 средби за турскиот тим во тековната кампања и забележа една асистенција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни