Поврзете се со нас

Англија

Нов пресврт: Тел сепак ќе заврши во клубот кој прв постигна договор за негов трансфер

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Младиот француски офанзивец, Матијс Тел побара да ја промени клупската средина во овој преоден рок, барање кое го прифати неговиот клуб под услов да се исполнат неговите барања.

Во еден момент се изгледаше дека Тотенхем е клубот во кој Тел ќе премини затоа што премиерлигашот и бундеслигашот пронајдоа заеднички јазик за сума од околу 60 милиони евра, но се појави проблем затоа што играчот не сакаше да заврши во таборот на „петлите“.

Бараше друго решение, чекаше нова понуда, меѓутоа по се изгледа не дојде таква и на крајот тој пак ќе го облече дресот на „петлите“ според последните информации. Се работи за позајмица без опција договорот да биде откупен, но сигурно ќе биде интересно да се види реакцијата на навивачите на Тотенхем по целата оваа ситуација.

Квалитетот на Матијс е неспорен, ќе биде сериозно освежување за лондонскиот состав кој низ целата сезона се мачи со голем број на повреди.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни