Поврзете се со нас

Свет

Нов преседан на АФКОН, лев бек на Комори брани на натпреварот со Камерун (Фото)

Објавено

на

По она што може да се види последниве две недели на Купот на африканските нации може да се заклучи дека фудбалот на „црниот континент“ е далеку од онај вистински професионалниот.

На денешната осминафинална средба помеѓу Комори и Камерун виден е уште еден преседан кој ретко може да се види во фудбалот.

Коронавирусот одигра главна улога за ваквиот развој на настаните кој во Европа и другите поразвиени фудбалски континенти сигурно би добил поинаков тек.

Имено, Комори на овој за нив историски натпревар играат без голман, а меѓу стативите е нивниот лев бек, Чакер Алхадур.

Причината за тоа е што првиот голман на Комори е повреден, а двајцата резервни голмани биле позитивни на ковид-19, па на голманската позиција е Алхадур.

Едниот голман, Али Ахмад денеска добил негативен тест, но не му било дозволено да брани за Кмори затоа што морало да поминат пет дена од неговиот позитивен тест за тој да може да излезе од изолација.

Интересно е тоа што од Комори на многу несвојствен начин за професионалниот фудбал се решија да го додадат името на голманот и неговиот број на дресот, па целата оваа ситуација доби дополнителна комична содржина.

Инаку, во моментов Камерун има водство од 1:0, а Комори игра и со играч помалку откако нивниот капитен, Џими Абду беше исклучен во седмата минута.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни