Нов предизвик: Жарко Ристоски ќе води екипа од Либан

zarko_ristoski

Поранешниот селектор на македонската одбојкарска репрзентација, Жарко Ристовски пронајде нов ангажман и во наредната сезона ќе води екипата од Либан.

Станува збор за составот на Танурине на кој Ристоски ќе се обиде да му донесе успеси.

-Среќен сум што можам да го објавам мојот нов тим и предизвик за сезоната 2017-2018, тимот на Танурине. Либан доаѓаме, -напиша Жаре на социјалните мрежи.

Последниот предизвик за Ристоски пред заминувањето во Ливан беше екипата на Шоненверд со која го освои третото место во Швајцарија.

Facebook Коментари