Поврзете се со нас

Свет

Нов предизвик за „специјалниот“: Мурињо се враќа на големата сцена со ангажман во соседството

Објавено

на

foto:twitter.com/ASRomaEN

Трофејниот португалски стратег, Жозе Мурињо веќе неколку месеци е без работа, но тоа како што стојат работите набрзо ќе се промени со интересен ангажман и тоа во блиското соседство.

Последните информации кои ги пренесуваат доста медиуми се дека Мурињо е на добар пат да стане нов предводник на турскиот великан Фенербахче. И во блиското минато имаше шпекулации на оваа тема, меѓутоа сега се изнесуваа и детали од договорената соработка која ќе биде до јуни 2026 година.

Наводно ќе има и опција за уште една дополнителна сезона, односно сега останува само страните да го потпишат договорот и да има официјална промоција.

Жозе последната работа ја имаше во калчолигашот Рома, а претходно покрај во Италија и родната Португалија има работено во Англија и Шпанија во повеќе различни клубови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни