Нов предизвик за Пипо: Инѕаги се враќа во Серија А (Фото)

inzagi

Некогашната ѕвезда на Јувентус, Милан и италијанската фудбалска репрезентација, Филипо Инѕаги ја заврши својата приказна како тренер на второлигашот Венеција и во наредната сезона се враќа на големата сцена поточно во Серија А.

Популарниот Пипо постигнал договор со калчолигашот Болоња и во наредните две сезони ќе ја предводи оваа екипа. Ова значи дека следната кампања ќе бидеме братска пресметка во најсилното италијанско друштво со оглед на тоа што што неговиот брат со успех го води Лацио.

Инѕаги од 2013 година е во тренерските води, прво го водеше Примавера составот на Милан, па првиот тим на „росонерите“ по што седна на клупата на Венеција каде од серија Ц ја доведе во Б, меѓутоа не успеа да ја донесе до елитата или поточно на тој пат му застана Палермо на нашите Илија Несторовски и Александар Трајковски.

Facebook Коментари