Нов предизвик за големиот борец: Петровиќ потпиша за АЕЛ Лариса

Milovan Petrovikj

Повремениот македонски репрезентативец, Милован Петровиќ договори нов клупски ангажман и во наредната сезона ќе биде дел од грчкиот прволигаш АЕЛ Лариса.

Тој изминативе неколку месеци ги мина во таборот на романски Сепси како позајмен играч од Осијек за да сега седне на маса и се договори со тимот на АЕЛ од Лариса со кого потпиша две годишен договор.

Играчот за врска кој е познат по својата борбеност во минатото беше член на Работнички, Победа и Тиквеш.

Facebook Коментари