Поврзете се со нас

Балкан

Нов предизвик: Манџукиќ ќе му помага на Далиќ во хрватската репрезентација

Објавено

на

Некогашниот напаѓач на Баерн Минхен, Атлетико Мадрид, Јувентус и Милан, Марио Манџукиќ отвара нова страница во својата кариера и во наредниот период тој ќе биде дел од стручниот штаб на Златко Далиќ во хрватската репрезентација.

Марио пред неколку месеци реши да и стави крај на играчката кариера и веќе се посвети на новиот чекор, а тоа е тренерскиот занает.

Манџукиќ сака да стане стратег за што секако му е потребна лиценца од УЕФА, потребна му е пракса која дефиниитвно ќе може да ја одработи во националниот тим.

Напаѓачот долго време играше за репрезентацијата за која даде 33 голови на 89 натпревари, а најголем успех беше освоеното второ место на СП во 2018 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни