Поврзете се со нас

Италија

Нов предизвик: Малдини го промени клубот, но остана во Италија (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Синот на легендарниот Паоло Малдини, офанзивецот Даниел ја промени клупската средина во овој преоден рок.

Тој од минатата години го носеше дресот на Монца, клуб од кој сега си заминува и се сели во еден од најквалитетните состави на Апенините, Аталанта.

Клубот од Бергамо за оваа операција ќе плати 13 милиони евра со тоа што половина од оваа сума ќе заврши во Милан со оглед на претходно склучениот договор на „црвено-црните“ со Монца.

Договорот е со важност до 30 јуни 2029 година. Даниел во тековнава сезона настапи на 21 меч во првенството и купот со учинок од 3 гола и 1 асистенција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни