Поврзете се со нас

Шпанија

Нов потпис на „Бернабеу“: И Родриго ја продолжи соработката со Реал (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FabrizioRomano

Шпанскиот великан Реал Мадрид гледа напред во иднината, па ги продолжува договорите за играчите за кои смета дека можат да бидат столб во наредните години.

Пред два дена Винисиус Жуниор стави потпис на договорот според кој ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ најмалку до 2027 година, а тоа денеска го направи и неговиот сонародиник Родриго Силва Да Гоеш или попознат само како Родриго.

Родриго се обврза дека ќе остане во клубот од Ла Лига до 30 јуни 2028 година. Офанзивецот од 2019 година е дел од „кралевите“, прво тргна во Б тимот за да потоа им се приклучи на сениорите за кои досега има одиграно 179 мечеви, постигнато 39 голови и освоено 8 титули.

Тој ќе има повисока плата, но и откупна клаузула од милијарда евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни