Поврзете се со нас

Англија

Нов потег на Санчо кој јасно докажува дека играчот сака трансфер во Манчестер Јунајтед

Објавено

на

Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед се уште се во преговори за транферот на Џејдон Санчо на „Олд Трафорд“.

Според многу медиуми желбата на играчот да се пресели во Манчестер е и повеќе од јасна, а за тоа покажува и неговата последна интеракција на интернет просторот.

Имено, како што јавува „Сан“, Санчо веќе се приклучил во „Вотсап“ групата која е креирана од страна на англиските фудбалери во Манчестер Јунајтед.

Така играчот подобро би се навикнал на евентуалната нова средина уште пред и официјално да потпише договор со „ѓаволите“.

Од претходно, Џеси Лингард потврди дека Санчо редовно со нив ја играл популарната видео-игра „Кол оф Дјути“ што уште повеќе ги разгоре шпекулациите за негово враќање на Островот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни