Поврзете се со нас

Одбојка

Нов пораз за одбојкарската репрезентација на Македонија, Холандија пресилна за нашите пулени

Објавено

на

Одбојкарската репрезентација на Македонија го претрпе и вториот пораз во второто коло од Европското првенство откако со 3:0 беше поразена од моќната селекција на Холандија.

Холанѓаните практично со вториот состав славеше убедлива победа со 25:20, 25:18 и 25:22 по сетови и сосема заслужено и очекувано стигна до бодовите од оваа средба.

Најдобар поединец во нашата репрезентација одново беше Никола Ѓорѓев кој постигна 13 поени, додека 11 постигна Александар Љафтов.

Радува фактот што на овој натпревар свое деби имаше 19 годишниот Филип Савовски кој зад своето име запиша шест поени од кои два беа од директен ас.

Во следното трето коло репрезентацијата на Македонија ќе се соочи со Турција на 5. септември, еден ден подоцна ќе игра со Шпанија, а групната фаза ја затвораме со натпреварот против Русија на 8. септември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни