Нов погодок и нова луда прослава на Ашковски во Холандија (Видео)

stefan

Стефан Ашковски игра во одлична форма во оваа сезона во дресот на Фортуна Ситард, односно својот голгетерски инстикт го покажува од коло во коло во втората холандски лига.

Вечерва тој стрелаше на гостувањето кај Ајндховен на мечот кој неговиот тим го доби со 3-1. Стефан стрелаше во 77 минута и на тој начин го завери триумфот, односно ги потврди трите бода.

И овој гол Ашковски го прослави лудо и ги запали подржувачите на Фортуна. Да потсетиме нашиот интернационалец во понеделникот исто имаше специфично славје во стилот на Лионел Меси и ги полуди симпатизерите на МВВ Мастрихт.

Македонецот со 11 голови е на 11 место на листата на стрелци во втората лига на Холандија.

Во ова друштво воедно вечерва стрелаше и Денис Махмудов кој му обезбеди триумф на Дордехт на гостувањето кај Де Графшап.

Facebook Коментари