Поврзете се со нас

ВТА

Нов подвиг: Ѓорческа фуриозно ја мина италијанската пречка и се пласираше во полуфиналето

Објавено

на

Лина Ѓорческа се погрижи за уште една сигурна победа на ВТА турнирот во Визбаден, каде вчера оствари извонреден резултат против четвртата носителка.

Најдобрата македонската тенисерка се пласираше во четвртфиналето откако ја победи Русинката Мелникова, а денеска славеше притив уште една фаворитка и се пласираше меѓу четирите најдобри на турнирот чиј награден фонд изнесува 80 илјади долари.

Лина не и даде никаква шанса на Италијанката Федерика Ди Сара која настапи како осма носителка во Германија, односно и препушти само еден гејм.

Ѓорческа го доби првиот сет со убедливи 6:1, а при водство од 2:0 во вториот, противничката реши да стави крај на маките и го предаде мечот.

Ова е добра вест бидејќи Лина заштеди сила за полуфиналето на турнирот, каде ќе игра против подобрата од четвртфиналниот дуел меѓу Клара Бурел (прва носителка) и Александра Игнатик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни