Нов одличен резултат на сениорите: Падна и Норвешка за победнички крај на оваа година(Видео)

pandev

Македонската А фудбалска репрезентација со триумф над Норвешка од 2-0 ја заокружи оваа успешна календарска година.

„Црвено-жолтите“ во четвртиот меѓусебен дуел дојдоа до првата победа против скандинавците и тоа со голови во самиот финиш на првото и второто полувреме. Погодокот за наше водство падна во 43 минута преку капитенот Пандев кој доби одлична топка од Алиоски за да потоа истата ја спроведе во мрежата.

bardi

trajkovski

Долго овој резултат стоеше на семафорот, се до последните секунди од средбата кога нововлезениот Кире Маркоски ја искористи грешката на голманот Гритебуст и стрелаше во празната мрежа. Со оваа победа ние допонително ќе наредуваме на најновата ранг листа на ФИФА на која во моментов сме на 85 место.

Facebook Коментари