Поврзете се со нас

Боречки спортови

Нов одличен резултат: Георгиевски освои бронза на Гранд При финалето во Саудиска Арабија

Објавено

на

Најдобриот македонски таеквондист, Дејан Георгиевски оствари уште еден одличен резултат во својата кариера и тоа на Гранд При финалето во Саудиска Арабија.

Георгиевски успеа да освои бронзен медал со што испиша историја за македонското таеквондо и македонскиот спорт, односно стана прв спортист од нашата земја која на оваа сцена успеал да освои медал во олимписки спорт.

Дејан на патот го овој успех ги совлада актуелниот светски вицешампион Иван Гарзсија Мартинез и првиот носител на турнирот, Мартин Соарес од Бразил.

Во полуфиналето загуби од Чејк Салах Сисе од Брегот на Слоновата Коска кој потоа и триумфираше на Гранд При финалето во Ријад.

Инаку нашиот ас дојде до бронзата откако беше подобар од  Смал Дуисбеј од Казахстан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни