Поврзете се со нас

Англија

Нов немилосрден потег на Артета: Овој пат младата ѕвезда почувствува се на своја кожа

Објавено

на

Арсенал ја започна новата сезона со победа против Вулверхемптон, а утре го има првото гостување сезонава кај Астон Вила.

„Топчиите“ играат добро, а се очекува денеска или утре да биде претставен играчот за врска Микел Мерино како нов играч на овој клуб.

Доаѓањето на Мерино значи и дека некои фудбалери ќе станат вишок во тимот на Микел Артета, а еден од нив е принуден да го напушти клубот за да добие шанса за настап.

Арсенал е подготвен да го пушти, се за Микел Артета да продолжи да го гради тимот како што сака. Тие веќе дозволија некои играчи да си заминат од „Емирати“, а Емил Смит Роу и Мохамед Елнени беа меѓу првите кои си заминаа.

Дополнително, во тек се преговори со Нотингем Форест околу потенцијалната продажба на напаѓачот Еди Нкетија, за кого повеќе нема место во тимот на Арсенал.

Кога станува збор за доаѓањата, Арсенал го комплетираше доаѓањето на голманот Давид Раја, кој минатата сезона беше позајмен во овој тим, а сега неговиот договор е откупен.

Од Болоња е донесен и дефанзивецот Рикардо Калафиори, а како што споменавме претходно прашање на време е кога Микел Мерино ќе стане нов тимски играч од Емирати.

Доаѓањето на Мерино беше јасен сигнал дека нема повеќе простор за толку очекуваната млада ѕвезда на Арсенал, Фабио Виеира.

Како што објави Дејвид Орнштајн, поранешниот клуб на Виеира, Порто решил да го донесе на позајмица и целата работа наводно е веќе договорена.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни