Поврзете се со нас

Италија

Нов напаѓач за Наполи: Де Лаурентис го договори голгетерот кој блескаше минатата сезона (Видео)

Објавено

на

Фото: twitter.com/HellasVeronaFC

Наполи се раздели со многу важни и клучни играчи во краток временски интервал, но Де Лаурентис со своите потези покажува дека има јасен план за составување на конкурентен тим, од кој дел ќе биде и напаѓачот кој лани блесна во Серија А.

Џовани Симеоне го прикажа сиот свој потенцијал во дресот на Верона и сезоната ја заврши со 17 постигнати гола и шест асистенции, што се покажа како многу добар предуслов да направи трансфер во еден од најдобрите тимови во Италија.

Симеоне денеска пристигна во Неапол на медицински прегледи откако постигнал апсолутен договор со Де Лаурентис, па откако ќе ги мине тестовите, ќе стави потпис на едногодишен договор.

Наполи ќе исплати 3 милиони евра за заемот од една година, а потоа ќе има право да го откупи неговиот договор и да го добие на перманентна база за 12 милиони евра.

Интересно, договорот меѓу двата клуба е постигнат непосредно пред нивниот дуел во Серија А, оној од првото коло кој е закажан за понеделник на „Бентегоди“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни