Македонија
Нов кикс на Македонија Ѓорче Петров, разиграниот Башкими дојде до врвот на табелата

Македонија Ѓорче Петров игра лошо во пролетниот дел од шампионатот во Втората македонска лига, па денеска направи нов кикс о освои само бод против Каменица Саса.
„Лавовите“ останаа без „муниција“, односно се задоволија со реми без погодоци, резултат кој е потврда за кризата во скопскиот тим кој во петте натпревари во вториот дел од сезонава освои само 7 од вкупно 15 бодови.
Ова го искористи Башкими кој со триумфот над Охрид од 3-0 сега е израмнет со Македонија на врвот на табелата со по 45 поени.
Демири, Асани и Алексовски беа стрелци на погодоците за овој четврти триумф во низа.
Славеше и третопласираната Брегалница над Осогово со 2-1.
РЕЗУЛТАТИ
БАШКИМИ – ОХРИД 3-0
СКОПЈЕ – ДЕТОНИТ 2-2
КАМЕНИЦА САСА – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-0
НОВАЦИ – АРСИМИ 0-2
ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 1-2
ПОБЕДА – БЕЛАСИЦА 0-1
ВАРДАР Н. – КОЖУФ 0-2
ВАРДАРСКИ – БОРЕЦ 2-0
-
Лига на шампиони13 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет13 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Италија9 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија24 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Англија14 часа
Сатон го истипува со точен резултат новото премиерлигашко коло и финалето на Лига Купот
-
Германија23 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Ривалдо за ѕвезда на Атлетико: Тој би бил идеално засилување за Барселона
-
Формула 114 часа
Мекларен издоминира во квалификациите за Ф1 трката во Австралија