Нов кикс на Интер, Јувентус со победа против Парма дополнително ќе се одлепи на табелата (Видео)

lautarointerlece

Интер и Антонио Конте претрпеа неочекуван кикс откако ремизираа (1:1) на гостувањето кај тимот на Лече.

Како и што се очекуваше гостинскиот тим беше доминантен на натпреварот, меѓутоа во првиот дел немаше решение за расположениот Габриел кој продолжи да брани одлично и во второто полувреме.

Сепак бразилскиот голман потклекна пред младиот Бастони кој постигна погодок само четири минути откако Конте го стави во игра на местото на Диего Годин.

Радоста на „нероазурите“ траеше многу кратко затоа што во 77. минута Манкосу го израмни резултатот што на крај се покажа и како конечен резултат.

На останатите натпревари Болоња ремизираше со Верона (1:1), додека и Бреша и Каљари ги поделија бодовите играјќи 2:2.

Facebook Коментари