Нов хаос во Спортинг: Тренерот Жезус суспендиран, фудбалерите најавија бојкот на финалето на Купот

jorge-jesus

Спортинг Лисабон во чии редови настапува нашиот Стефан Ристовски, доживеа непријатен пораз во последното коло од португалското првенство и го загуби посакуваниот пласман во Лигата на шампионите, откако второто место на крајот го освои градскиот ривал Бенфика.

Овој нов шок денеска предизвика радикален потег од раководството предводено од контроверзниот претседател Бруно Карвалјо, кое решило да го суспендира стручниот штаб предводен од Жорге Жезус, што значи дека првиот тренер и неговите асистенти нема да ја водат екипата во финалето на португалскиот куп.

За ситуацијата да биде комплицирана, се погрижија дел од поискусните фудбалери. Kапитените Руи Патрисио и Вилијам Карвалјо најавија солидаризирање со Жезус по одлуката на раководството и најавија дека нема да играаат на натпреварот планиран за во недела, а на кој противник на Спортинг е Авес.

 

Facebook Коментари