Нов голем проблем за Арсенал: Капитенот Обамејанг ги запрел преговорите и бара…

obamejang

Арсенал се наоѓа во страшни проблеми оваа сезона кога се работи за резултатите, но и за незадоволството на играчите.

Познат е неодамнешниот пример со Гранит Џака кој влезе во отворена војна со навивачите, а сега „топчиите“ се соочуваат со проблеми зошто нивниот најдобар фудбалер, Пјер Емерик Обамејанг се решил да ги прекине преговорите за нов договор.

Габонецот им посочил на челниците на Арсенал дека е подготвен да си замине од клубот во летниот преоден рок без оглед на тоа каков исход ќе има оваа сезона.

За Обамејанг постои интерес од Барселона која сака да го види како замена за Луис Суарез, а одличниот фудбалер немал ништо против да ги засили „каталонците“.

Facebook Коментари