Поврзете се со нас

Свет

Нов гол на Џани Алиоски за Ал Ахли (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Езгјан Алиоски постигна уште еден погодок во дресот на Ал Ахли каде се пресели ова лето.

Одличниот фудбалер го запиша и вториот погодок за саудискиот клуб во својот четврти натпревар во новата средина.

Овојпат Алиоски стрелаше на натпреварот против Ал Фатех кој заврши без победник (1:1), а слично и како при деби голот, левиот бек прецизно стрелаше од белата точка.

Популарниот Џани го отвори резултатот уште во 15. минута од средбата, а само пет минути подоцна Ал Бураикан израмни на 1:1, па на крајот тоа се испостави и како конечен резултат.

Алиоски по трансферот од Лидс во Ал Ахли одигра четири натпревари за клубот од Саудиска Арабија на кои успеа да постигне два погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни