Нов договор: Симонс ќе „лапне“ 170 милиони долари од Филаделфија

simons

Првиот пик на НБА драфтот од 2016 година, Бен Симонс ќе потпише нов договор со екипата на Филаделфија вреден 170 милиони долари.

Според американските медиуми станува збор за петгодишен дговор што значи дека „76-ките“ во него гледаат играч на долги стази, играч кој може да биде вистинси лидер на оваа организација. Симонс кој за неколку денови ќе наполни 23 година минатата кампања имаше просек од 16,9 поени, 8,8 скокови и 7,7 асистенции по натпревар.

Тој заедно со Ембид, Херис и Хорфорд ќе треба да играат главна улога во таборот на Филаделфија која има високи амбиции.

Facebook Коментари