Поврзете се со нас

НБА

Нов ден, ново шоу: Дончиќ изведе фудбал магија на тренингот (Видео)

Објавено

на

Добар дел од НБА тимовите веќе се во Орландо и во специјални услови ги одработуваат подготовките и тренинзите пред рестартот на сезоната, но кога е во прашање Далас, во изминатите два дена задолжен за шоу на тренинзите беше еден човек.

Лука Дончиќ се претвори во главна ѕвезда на Маверикси со своите изданија на теренот, но истото важи и за забавата на тренинзите, за што најдобар доказ се последните две видеа.

Словенецот вчера погоди со помош на плафонот од салата, а денеска се обиде со удар кој не би можел да го изведе на официјален меч.

Дончиќ демонстрираше завидна прецизност и со нога, па постигна тројка во стил на фантастичен фудбалски „снајперист“.

– Нов ден, ново магично шоу……

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни