Италија
Нов ден, нови проблеми за италијанскиот фудбал: Четири лица во Милан позитивни на Ковид-19
Тестирањата на фудбалерите и сите оние кои ќе бидат инволвирани во фудбалот во Италија покажаа дека оваа земја не е баш најподготвена за продолжување на првенството.
Секојдневно излегуваат информации за заразени фудбалери и фудбалски работници од клубовите, а денес стигна нова ваква вест.
Италијанскиот новинар, Николо Шира, пренесува дека четири лица од Милан се позитивни на коронавирусот.
Новинарот не наведува дали меѓу заболените има играчи или станува збор за вработени лица во тимот.
Како и да е, ова не дава позитивни сигнали за продолжување на сезоната на Апенинскиот полуостров.
Во текот на претходните неколку денови беше објавено дека во Фиорентина има дури шестмина заразени, додека Сампдорија пронајде четири лица заразени со коронавирусот.
-
Шахпред 10 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 10 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 14 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки