Италија
Нов дефанзивец пристигна во Торино и утре ќе биде промовиран во Јувентус (Видео)

Одбраната на Јувентус остана без важни членови поради повреди од почетокот на сезоната, а раководството го исполни ветувањето дека во јануарскиот преоден рок ќе донесе неколку засилувања за дефанзивните позиции.
По Алберто Кошта и Ренато Вејга, од утре нов член на Јувентус ќе биде и Лојд Кели.
Англискиот стопер вечерва пристигнал во Торино, а клубот објави и фотографија од реализација на лекарските прегледи, што значи дека инсистира на забрзана промоција и вклучување на Кели на тренинзите веќе од утре.
Кели доаѓа од редовите на Њукасл, на заем од клубот каде не добиваше соодветна минутажа и ќе се обиде да се избори за повеќе настапи во редовите на „бјанконерите“.
Најавите се дека за заемот ќе бидат платени 3 милиони евра, а ако има обврска за откупување на договорот, италијанскиот состав ќе треба да издвои дополнителни 14 милиони евра.
Вејга кој дојде на заем од Челси денеска веќе дебитираше како стартер за Јуве, а останува да се види кога таква шанса ќе добијат и Кели и Кошта.
— JuventusFC (@juventusfc) February 2, 2025
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија24 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија22 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!