Нов „Бонучи“: Јувентус враќа дефанзивец со кого се раздели неодамна

bonuci-kjelini

Италијанскиот шампион Јувентус размислува за засилување на својата одбрана откако минатата сезона често имаше проблем во овој дел од тимот поради честите повреди.

Добро информираната „Ла Стампа“ тврди дека раководството на торинскиот клуб веќе стапило во контакт со Медхи Бенатија и му предложило да се врати во екипата во која настапуваше до јануари.

Мароканецот му се налути на тренерот Макс Алегри затоа што овој не го исполнил ветувањето во однос на минутажата и го форсираше повратникот Леонардо Бонучи, но откако Алегри е минато во Торино, не постојат пречки Бенатија да се врати во составот.

Бенатија се пресели во катарскиот клуб Ал Духаил, а наводно двата клуба се договориле за реализација на камбекот на дефанзивецот во Јувентус.

Facebook Коментари