АТП
Нов болен пораз за Србинот: Ѓоковиќ загуби од 85. светски тенисер во Индијан Велс (ВИДЕО)

Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ доживеа експресна елиминација на Мастерсот во Индијан Велс.
Ѓоковиќ кој ја имаше улогата на шест носител претрпе пораз од 85. на АТП листата, Ботик Ван Де Заншлуп со 2-1 во сетови. Фаворитот не беше на посакуваното ниво, покажа доста слабости, имаше многу амплитуди во играта и на крајот претрпе пораз од 6:2, 3:6 и 6:1.
Мечот траеше два часа и истиот само потврди дека големиот грен слем шампион не е во форма, ритам затоа што ова беше трет пораз во низа, нешто што за првпат му се случува од 2018 година.
Се започна во Мелбурн каде поради повреда му се предаде на Александер Зверев, потоа неочекувано беше надигран од Матео Беретини во Доха, а сега и од тенисер кој во ждребот влезе како „лаки лузер“ (среќен губитник). Холанѓанецот во првата рунда го мина Ник Кирјос за да сега му се отвори патот и во третата рунда се соочи со Франсиско Серундоло.
-
Свет14 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија9 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Италија15 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Шпанија15 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Италија24 часа
Интер ја реши Аталанта и се зацврсти на врвот во Серија А (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Шпанија24 часа
Барселона со пеколен пресврт го сруши Атлетико на „Метрополитано“ (ВИДЕО)
-
Свет12 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)