Поврзете се со нас

Англија

Нов бесчувствителен потег: Тод Боли преку „Зум“ го отпуштил човекот кој 17 години работеше во Челси

Објавено

на

Foto:instagram.com/chelseafc

Тод Боли од почетокот на својата ера во Лондон во неколку наврати докажа дека нема премногу емоции кон вработените кои долги години се во клубот и дека не е премногу чувствителен на таа тема, па последен во неговата „црна листа“ се најде човекот кој беше еден од творците на моќниот Челси.

По директорите Брус Бак, Марина Грановскаја и Петр Чех, Тод Боли на почетокот на месец септември го отпуши Томас Тухел без нималку двоумење, а сега истиот пат го одреди и за главниот физиотерапевт на првиот тим, кој сепак бил ослободен од обврски на начин каков што не заслужува.

„Дејли мејл“ открива дека Тјери Лорен бил отпуштен преку краток „Зум“ повик од страна на Тод Боли и истиот не траел повеќе од неколку минути, по што се става крај на една долгогодишна етапа која траеше од почетокот на ерата Роман Абрамович.

Ценетиот физиотерапевт пристигна во Челси во 2005-та година и цели 17 години се грижеше за здравјето на фудбалерите од првиот тим, за сега да биде отпуштен од страна на Тод Боли кој очигледно е решен да направи реконструкции во сите полиња во клубот.

Работната биографија на Лорен е навистна импресивна бидејќи пред да работи во Челси беше клучен во француската фудбалска репрезентација, но неговото отпуштање доаѓа само десетина дена откако беше известено дека отказно решение добил и директорот на медицинскиот тим, Пако Биоска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни