Нов ангажман за напаѓачот: Симоновски од Финска летна во Романија

marko

Македонскиот интернационалец, Марко Симоновски ја промени фудбалската средина и од финскиот шампионат се пресели во првата лига на Романија.

Марко имаше одлични партии во дресот на Лахти и сезоната ја заврши со 13 погодоци и 1 асистенција, но сега тие квалитетни настапи ќе треба да ги потврди во составот на Сепси.

Тоа е состав кој по 22 рунди е на претпоследното 13 место во Романија, а задачата на Симоновски ќе биде да ја поправи ефикасноста со оглед на тоа што овој тим има постигнато само 13 голови.

Facebook Коментари