Поврзете се со нас

Англија

Нотингем долг период ќе биде без својот најважен фудбалер

Објавено

на

Фото: twitter.com/NFFC

Нотингем Форест доби најлоша можна вест за време на паузата за настапите на репрезентациите, а е поврзана со сериозна повреда на својот најдобар фудбалер.

Се работи за напаѓачот Таиво Авонији кој имаше проблем со една повреда уште од минатиот месец, за сега да стане официјално дека мора да му биде направена операција.

Менаџерот Стив Купер потврдил дека „шумарите“ нема да сметаат на Авонији неколку месеци, а неговиот тим сигурно ќе има проблем да го надохнади тоа отсуство во битката да обезбеди барем опстанок во Премиер лигата.

Според оваа најава, напаѓачот нема да настапува и за Нигерија на Африканскиот куп на нации, а Нотингем во јануари веројатно ќе мора да се засили во офанзивниот дел.

Авонији сезонава беше најдобар стрелец на Нотингем со 4 гола на 11 натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни