Норвежанката Офтедал избрана за МВП на СП во Германија

Oftedal-Norveska

Светската ракометна федерација го објави најдобриот тим и освојувачот на МВП признанието на Светското првенство во Германија и тоа во пресрет на финалето меѓу селекциите на Норвешка и Франција.

За најкорисна ракометарка на мундијалот е избрана Норвежанката Стине Офтедал, додека во најдобриот тим се најдоа по две норвешки, француски и холандски репрезентативки, како и една претставничка на Шведска.

Голман: Катрине Лунде (Норвешка)
Лево крило: Сираба Дембеле (Франција)
Лев бек: Лоис Абинг (Холандија)
Среден бек: Грејс Зооди (Франција)
Десен бек: Нора Морк (Норвешка)
Десно крило: Натали Хагман (Шведска)
Пикер: Ивете Брох (Холандија)

МВП: Стине Офтедал (Норвешка)

Facebook Коментари