Поврзете се со нас

Атлетика

Норвежанецот Вархолм постави светски рекорд со време кое ги шокираше аналитичарите (Видео)

Објавено

на

Норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм го собори сопствениот светски рекорд во дисциплината 400 метри со пречки на Олимписките игри во Токио, а до успехот стигна со сензационално време.

Аналитичарите предвидуваа дека натпреварувачите во оваа дисциплина не можат да го симнат најдоброто време под 46 секунди, но утринава тоа му успеа на Вархолм во Токио.

– Ова е еден од најневеројатните светски рекорди и сигурен сум дека нема да доживеам да видам подобро време. Овој резултат е на рангот на рекордот на 100 метри на Јусеин Болт, – изјавил Колин Џексон, поранешен светски шампион во дисциплината 110 метри со пречки.

Олимпискиот шампион ја истрча делницата за 45,94 секунди или за повеќе од седум десетинки побрзо од досегашниот светски рекорд кој го постигна во јули во Осло.

Сребрениот модел го освои Американецот Раи Бенџамин со време кое исто така е подобро од претходниот светски рекорд, а бронзениот медал оди кај Алисон дон Сантош.

– Долго време ме прашуваа за перфектна трка, а јас велев дека не постои такво нешто. Но, ова е нешто најблиску до тоа, -изјавил Вархолм по големиот успех во Токио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни