Поврзете се со нас

Англија

Норвешки фудбалер за нереализираниот трансфер во Јунајтед: Ќе потпишев ако Гигс не играше 200 години

Објавено

на

Фановите на Премиер лигата веројатно го паметат норвешкиот фудбалер Мортен Гамст Педерсен кој долго го носеше дресот на Блекбурн, а според неговото тврдење, за малку не реализирал и трансфер од соништата во Манчестер Јунајтед.

Педерсен кој и денеска игра фудбал на 40-годишна возраст, одигра 349 натпревари за Блекбурн, а во еден период беше меѓу најдобрите крилни играчи во англиската лига.

– Не е тајна дека од мали нозе навивав за Манчестер Јунајтед и за Блекбурн дебитирав токму на „Олд Трафорд“.

– Знам дека Фергусон тогаш имаше одлично мислење за мене и дека Јунајтед беше заинтересиран да ме ангажира. Подоцна тој изјавил дека не ме довеле во клубот поради трансферот на Кристијано Роналдо и фактот што во екипата веќе беа Рајан Гигс и Киран Ричардсон. Имаше интерес и подоцна, но трансферот не се случи, веројатно ќе го облечев дресот на Јунајтед ако Гигс не играше 200 години на врвно ниво, – изјавил Педерсен.

Тој сезонава настапува за норвешкиот клуб Алта и веројатно по нејзиното завршување ќе замине во пензија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни