„Норвешки Чилаверт“: Хагеруп изрежира ремек-дело од слободен удар и го најави пресвртот на својот тим (Видео)

norveski-cilavert
Легендарните Хосе Луис Чилаверт и Рожерио Сени како голмани постигнаа погодоци колку што не можат да постигнат ниту некои напаѓачи ширум светот, посебно истакнувајќи се со својата извонредна техника која ја имаа за слободни удари.
Тие двајца се издвоија како голмани кои знаеја да ги израдуваат своите фанови и на другата страна од теренот, а сега во такво издание видовме еден норвешки голман кој со вистинско ремек-дело од слободен удар, го најави пресвртот на својот тим. Во 88-та минута при резултат 1:0, Стефан Хагеруп израмни на 1:1 за својот Уленсакер, а неговата мајсторија ги мотивираше неговите соиграчи и да направат пресврт во судиското надополнување за 1:2.

Facebook Коментари