Поврзете се со нас

Светски првенства

Норвешка со пресврт до славје над Шпанија, разиграниот Исланд пронајде решение за „фараоните“

Објавено

на

Репрезентацијата на Норвешка издвојува голема победа над Шпанија од 25:24 во еден од двата последните натпревари од денешната програма на 29. Светско првенство.

Норвежаните беа во негатива по првото полувреме со 13:10, но водени на крилјата на своите навивачи направија пресврт во вториот дел за први бодови во главната фаза. Норвешка која е еден од организаторите на мундијалот сега со далеку поголема самодоверба ќе го дочека соочувањето со Чиле на кое ќе влезе во улога на голем фаворит и се освен нивна победа ќе биде огромно изненадување.

Исланд пак беше подобар од Египет со 27:24 во дуелиот на двете екипи кои досега беа 100 процентни на шампионатот. Исланѓаните покажаа дека се во извореден ритам и форма и дојдоа до триумф со кој си ги отворија вратите за пласман во четвртфиналето на турнирот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни