Европски првенства
Норвешка продолжи да доминира во Европа и стигна до рекордна титула (Фото)
Вчерашната гала вечер на која беа вметнати нови имиња во „Куќата на славните“ на ЕХФ беше најава за тоа што следи за крај на неделата, а тоа беше големото финале на Европското првенство во женска конкуренција.
Вечерва во Виена на паркетот излегоа најдобрите два тима на стариот континент, со тоа што Норвешка уште еднаш потврди дека е недопирлива европска велесила во последните неколку години.
Норвежанките доминираа во големото финале против Данска и сосема заслужено освоија уште едно важно одличје на континенталните собири, или поточно, стигнаа до трета последователна титула на Европските првенства.
Тоа е јасен приказ за династијата која ја градат норвешките репрезентативки веќе некое време, па така селекцијата на Данска денеска беше само полесен тренинг за нив, особено во второто полувреме.
Данките парираа само до полувреме кога на семафорот беше 13:12 за противникот, но во продолжение играше само еден тим во вторите 30 минути и на крајот мечот заврши со победа на Норвешка изразена со осум голови разлика (31:23).
Норвешка со третото злато во низа стигна до јубилејна и рекордна десетта титула на Европските првенства, Данска мораше да се задоволи со второто место, додека Унгарија беше подобра од Франција во дуелот за бронзениот медал (25:24).
𝗤𝗨𝗘𝗘𝗡𝗦 𝗢𝗙 𝗘𝗨𝗥𝗢𝗣𝗘! 👑🇳🇴 Norway are #ehfeuro champions for a record 10th time! ✨ #ehfeuro2024 #catchthespirit pic.twitter.com/gfnl7ibDbt
— EHF EURO (@EHFEURO) December 15, 2024
-
Светски првенства21 час
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Англија23 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Светски првенства9 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Светски првенства10 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија19 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Шпанија9 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Англија21 час
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија14 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)