Норвешка покажа сила и ја декласираше Унгарија

EHF EURO 2020/Anze Malovrh EHF EURO 2020/Anze Malovrh

Норвешка со перфектен учинок ја комплетираше првата фаза од Европското првенство, а во тој стил продолжи и во главната рунда, откако оваа вечер немаше милост во дуелот со незгодните Унгарци кои беа изненадувачки патник во оваа фаза од турнирот.

Норвежаните ги ставија работите под контрола уште од самиот старт на мечот, а веќе на полувремето се знаеше дека тимот на Берге ќе оствари лесна победа бидејќи имаше плус осум на паузата (20:12). Норвешка играше препознатлив брз ракомет и наметна темпо кое Унгарците никако не можеа да го следат, па на крајот неизбежни беа новите бодови со кои го презема првото место во групата 2.

Норвешна има исто бодови колку и Словенија, но има подобра гол разлика по денешниот уверлив триумф од 36:29 во кој се истакнаа Сагосен со седум гола, Јоханесен со шест и Јондал и Реинкинд со пет погодоци.

Facebook Коментари