Поврзете се со нас

Олимписки игри

Норвешка ја реши Франција и го „грабна“ златото на ОИ (ВИДЕО)

Објавено

на

Женската репрезентација на Норвешка успеа да слави на ракометниот олимписки турнир и тоа откако во големото финале го реши домаќинот Франција со 29:21.

По 12 години златото повторно се враќа во Норвешка и тоа сосема заслужено затоа што скандинавките го надиграа денешниот ривал во Лил.

Норвежанките беа на повисоко ниво и триумфот го најавија уште по првите 30 минути кои ги реализираа со 14:11, предност која им даде дополнителна самодоверба, крилја, па во преостанатиот дел комплетно го неутрализираа противникот на кого му дозволија на постигна само осум гола.

Бронзата ја освои Данска која беше подобра од Шведска со 30:25.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни