Поврзете се со нас

Светски првенства

Норвешка ја разби Франција во вториот дел и стана нов светски шампион

Објавено

на

Селекцијата на Норвешка е победник на 25. Светско првенство за жени кое изминатиов период се играше во Шпанија.

Скандинавките во големото финале славеа над Франција со 29-22 и тоа откако одиграа пеколно во второто полувреме. Имено првиот дел мина во знакот на Французинките кои имаа се под контрола, резултатот играта и заминаа на пауза со плус четири (16-12), меѓутоа по паузата комплетно се сменија работите и новиот шампион „газеше“ на двете страни на теренот како во нападот така и во одбраната.

Норвежанките го неутрализираа противникот и со 17-6 направија целосен пресвр и ја освоија четвртата мундијалска титула. Рејстад со шест гола беше најпрецизна кај победникот, додека на спротивната страна четири гола постигна поранешната вардарка, Пино.

Во малото финале Данска беше подобра од домаќинот Шпанија со 35-28.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни