Норвешка и Холандија го формираа второто полуфинале на СП во Германија

Mork-Norveska

Репрезентациите на Холандија и Норвешка успешно ја минаа четвртфиналната фаза на Светското женско ракометно првенство во Германија и го формираа вториот полуфинален пар на мундијалот.

Холанѓанките ја совладаа Чешка со 30:26, во натпревар во кој Абинг постигна дури 14 голови за победничкиот тим, а поубедлива победа оствари Норвешка која ја декласираше Русија со 34:17. Морк со 9 и Офтедал со 8 голови беа најдобри реализатори во победничката селекција која ќе биде фаворит и против Холандија.

Во второто полуфинале ќе играат Франција и Шведска, a двете се средби се закажани за во петок.

Facebook Коментари