Европски првенства
Норвешка демонстрираше сила против Полска, Данска на чекор до полуфинале

Селекцијата на Норвешка демонстрираше сила на денешниот натпревар против Полска кој го доби со убедливи 42:31.
Норвежаните прикажаа атомски ракомет во кој Полска беше рамноправна само на стартот на натпреварот, а потоа потона во „канџите“ на својот противник.
Норвешка беше предводена од Бартхолд кој мечот го заврши со десет погодоци, додека еден помалку постигна Сандер Сагосен.
Супер натпревар за Полска одигра ракометарот на Келце, Аркадуш Морито кој постигна десет погодоци без ниту едно промашување.
Репрезентацијата на Данска со 28:24 ја совлада селекцијата на Исланд во одличен ракомет кој го понудија двете селекции.
Данците беа предводени од Матијас Гидсел кој постигна девет погодоци и се истакна пред своите соиграчи, додека кај Исланд одличен беше Омар Магнусон со осум постигнати голови.
Ова е четврти бод за Данска во новоформираната група и оваа селекција заедно со Франција сериозно се наметнува за пласман во полуфиналето, нешто што беше очекувано и пред самиот старт на турнирот.
-
Македонијапред 18 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 23 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 6 часа
Интер не се откажува од Перишиќ: Ќе ја донесеме најдобрата одлука, сакаме да остане со нас
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 7 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)