Поврзете се со нас

Европски првенства

Норис за траумата на „Вембли“: Не посакувам никому да му се случи такво нешто

Објавено

на

Ландо Норис имаше одлични резултати на последните трки во Австрија, но сега веќе е концентриран на предизвикот Силверстоун, трка од Формула 1 шампионатот која има посебно значење и за неговиот тим Мекларен.

Сепак, Норис минатите денови беше под влијание на непријатната ситуација која му се случи по финалето на Европското првенство, односно во моментите кога го напуштал стадионот „Вембли“.

Мекларен потврди дека две непознати лица го нападнале Норис и насила му го одзеле часовникот вреден околу 40.000 фунти, додека полицијата веднаш отвори истрага за случајот.

Самиот Норис денеска зборувал на оваа тема пред новинарите и не криел дека доживеал траума.

– Добар сум, иако сум бил и подобар.

– Се обидувам да се рехабилитирам и да се концентрирам на обврските, но некои работи се неизбежни.

– Најголемиот шок е сознанието е дека ваква работа може да ти се случи само за секунда и може да му се случи секому. Не посакувам никому да доживее таква работа, – изјавил Норис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни