Поврзете се со нас

Формула 1

Норис со победа во Абу Даби ја потврди конструкторската титула на Мекларен

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/McLarenF1

Ландо Норис победи на Формула 1 трката во Абу Даби и на најдобар можен начин ја потврди титулата за Мекларен во конкуренција на конструктори.

За Мекларен ова е прва титула по далечната 1998 година, а до неа дојде благодарение на одличните болиди и резултати во вториот дел од веќе завршената сезона, во која уште претходно стана јасно дека Макс Ферстапен ќе го задржи приматот „број еден“ меѓу возачите.

Норис денеска триумфираше пред Карлос Саинц и Шарл Леклер, членови на главниот ривал во битката за титулата, екипата на Ферари, додека Луис Хамилтон не успеа да обезбеди подиум на последната трка во болидот на Мерцедес.

Британецот успеа да дојде до четвртото место, оставајќи го зад себе клупскиот колега Џорџ Расел, но не и до една од првите три позиции, што сигурно ќе беше посакувано простување од тимот со кој освои седум титули.

Светскиот шампион Ферстапен го освои шестото место, а до десеттата позиција се пласираа Гасли, Хулкенберг, Алонсо и Пјастри.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни